Директорот на Паркови даде оставка, Арсовска доби повик до петок да се спакува: „Ќе и се случи народ!“

Директорот на градското јавно претпријатие „Паркови и зеленила“, Мартин Ангеловски, поднел оставка од функцијата, дознава „Скопје1“. Според нивни информации, оставката е депонирана до скопската градоначалничка Данела Арсовска, за која скопјани би рекле дека единствено што милува и прави е да менува директори.

Ангеловски е првиот од триесетината директори, кој сам дава оставка, наместо да биде разрешен. Неофицијално, во оставката стои дека е од лични причини, а доаѓа во време кога Арсовска се крие од јавноста. За него, Арсовска посочуваше дека е лице со 15 години работно искуство.

Во изминатите денови, како што објави „Скопје1“, Арсовска го смени директорот на Водовод, а потоа и на Комунална хигиена. Ова го направи тивко, без никакво соопштение како што милуваше да биде праксата во минатото.

„Скопје1“ дознава дека промените не биле направени поради нерегуларности или незадоволство, туку поради караница која Арсовска ја имала со нејзин близок соработник, чиј предлог се разрешените.

Скопјани пак, нервозни. Бараат од Арсовска да поднесе оставка до петок.

„Ајде вака да и дадеме можност на “дамата” Данела да биде достојна до петок 16.08.2024 да си поднесе оставка причините се повеќе од јасни, ако почнеме да ги набројуваме немаат крај, нека биде достојна нека си даде оставка, доколку не се случи тоа, неа ке ѝ се случи народ, но не партиски, напротив од незадоволството на секој еден граѓанин на Скопје без разлика на партија вера и нација“, пишува Игор Кнеле, жител на Скопје.
Скопје во мандатот на Арсовска наместо модерен – стана град со незадоволни луѓе, наместо метропола – град на заборавени жители.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.