Грчките медиуми го прогласија првиот човек на Здружението „Вмбел Егеј“, Лукровски за екстремист

Сотир Лукровски, еден од најекстремните претставници на движењето против нашата држава, кој требаше да учествува на настан на наводното ‘македонско’ малцинство, му беше забранет влез во нашата земја“,пишува грчкиот весник „То Парон.“

Инаку, Лукровски кој е координатор на здруженијата на Егејците во Македонија  неодамна од граничниот премин Меџитлија мораше да се врати и да не присуствува на прославата на Македонците во Овчарани, Грција.

Во весникот уште се истакнува и тоа дека за прославата на Македонците во Овчарани се користи македонскиот топоним, а не грчкиот, Мелити.

Во написот се вели дека „официјалната влада на Македонија ги промовира и зајакнува организациите на ‘Егејските Македонци’, а тоа очигледно ќе значи дека имаме обиди за зголемување на сепаратизмот во Централна и Западна Македонија, кои сега, се чини, дека имаат државна поддршка, прекршувајќи го Договорот од Преспа“.

Весникот протестира поради однесувањето на Атина и на владата на Мицотакис кои одвреме-навреме само изјавуваат дека господинот Мицкоски ќе наиде на пречки на европскиот пат на неговата земја.

Се споменува и „континуираната употреба на терминот ‘Македонија’… a тoa покажува дека има потреба од итна мобилизација на власта… Очигледно е дека Скопје работите ги турка кон Меѓународниот суд на правдата за меѓународно да ја легитимираат употребата на терминот ‘Македонија’ и ќе ја принудат Грција да помине низ долгиот и проблематичен процес на жалба во Хаг… Се ​​надеваме дека сепак, ако нѐ одведат во Хаг, владата и МНР навреме ќе се погрижат да регрутираат сериозна група адвокати од Грција и од странство и нема нема да се задоволат со сопственото ‘правно знаење’ и полузнаење…“, пишува весникот „То парон“.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.