ВМРО-ДПМНЕ бара итна постапка за разрешување на судијата Пајазит Пајазити

ВМРО-ДПМНЕ бара институциите веднаш да отворат постапки за судијата Пајазит Пајазити и тој да биде разрешен од функцијата судија.

Пајазит Пајазити, „судија близок до ДУИ и СДС, го пушти Блерим Рамадани во куќен притвор, за лесно да избега“, обвини денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Пајазит Пајазити е истиот судија кој одлучуваше и за упадот во кулата за летање на аеродромот, и за условната пресуда на Иџет Мемети во случајот со поткуп. Секогаш кога СДС и ДУИ имаат интерес тука е Пајазит Пајазити. Бараме институциите веднаш да отворат постапки и Пајазит Пајазити да биде разрешен од функцијата судија. Инсталациите на СДС и ДУИ во судството мора да го ослободат системот, за тој да може да функционира. Одговорност за Пајазити веднаш, рече Стојаноски.

Тој додаде дека кадрите на СДСМ и на ДУИ во судството го пуштиле Блерим Рамадани да избега и порача дека се неопходни итни реформи во судството.