(ВИДЕО) Авион со 62 патници се урна во Бразил, нема преживеани

Патнички авион со 62 лица се урна во Бразил, јавија локалните медиуми.

Авионот кој одел кон меѓународниот аеродром Гуарулхос во Сао Паоло се урнал во градот Винхедо, недалеку од Сао Паоло. Во авионот имало 58 патници и четворица членови на екипажот.

Пожарникарите потврдија дека авионот се урнал во градот Винхедо. На местото на несреќата се испратени противпожарни бригади.

Бразилската телевизиска мрежа GloboNews, исто така, прикажа снимка од голема површина во пламен и чад што доаѓа од авионскиот труп во станбена зона полна со куќи.

На настанот во јужен Бразил на кој присуствуваше претседателот Луис Инасио Лула да Силва ја замоли публиката да застане и да одржи минута молчење.

Авион од типот „АТР-72“ на авиокомпанијата „Воепас лињас ареас“ летал од Каскавел во сојузната држава Парана кон Гваруљош во Сао Пауло.

Нема преживеани во авионската несреќа во Бразил, јавуваат локалните медиуми.