Венко Филипче, освен срам за СДС, срам и за државата што некогаш бил министер

Од СДСМ, преку партиско соопштение, велат дека е разбирлив стравот на ВМРО-ДПМНЕ од претседателот на партијата Венко Филипче.

По катастрофалните политики и скандали кои се нижат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја губат поддршката од ден во ден. Мицкоски треба да знае дека неговата пропаганда е прочитана како буквар и нема да ги препокрие скандалите на неговата Влада.

Методите на постојани прес конференции и заплашување на граѓаните се поразија уште пред речиси десет години. Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ за да го одвлече вниманието од сопствената глупост, само го потврдува широко распространетото мислење дека ова е најлошата Влада која Македонија ја имала од осамостојувањето.

Наместо ВМРО-ДПМНЕ да глуми таблоид кој сее шпекулации и апелира, повелете докажете си ги сите обвинувања.

Кога владеачка партија која има двотретинско мнозинство само апелира наместо да делува, тоа само ја потврдува нејзината неспособност.

Престанете да глумите опозиција, фатете се за работа граѓаните веќе ја препознаваат измамата, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

Возвратија од ВМРО-ДПМНЕ:

Смешно е СДС да смета дека некој се плаши од Венко Филипче. Човекот е срам освен за СДС, туку и за државата што воопшто некогаш бил министер. Филипче го викаа доктор смрт бидејќи несмасното водење на корона кризата значеше губење на десетици илјади животи, а поради него Македонија имаше најлошо справување со корона вирусот во овој дел на Европа. Додека луѓе умираа неговата хациенда на Водно растеше, а тендерите и договорите во 4 очи со омилената дрогерија Пановски се редеа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да не заборавиме дека тој е министерот што не убедуваше дека кабелот е крив за запалената модуларна болница, потоа најомилен тендер партнер во здравството му беа компаниите за јужно овошје. Тој е индиго на Зоран Заев неговиот најпослушна марионета инсталирана во врвот на СДС. Ако СДС сака демократија, Филипче треба да си даде оставка и ослободи партијата од багажот на Заев“, велат од партијата.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.