Mицкоски го повика Јавниот обвинител да ги истражи ревизорските извештаи или да си поднесе оставка
Премиерот Мицкоски во вчерашната емисија “Топ тема“ говореше за ревизорските извештаи и го повика Јавниот обвинител Љупчо Коцевски да ги истражи или да си поднесе оставка.
Во еден од извештаите пишува дека од 24 капитални инвестиции е завршен само еден и затоа Мицкоски го повика обвинителот да влезе во институциите и да лоцира одговорност.
Јас не сум истражен орган, јас сум претседател на влада.Ги повикувам истражните органи да влезат во институцијата и ова да го истражат и да повикаат на одговорност. Но нема никогаш да влезат затоа што тој обвинител тие што треба да ги истражува го гласале-повика Мицкоски.
Премиерот посочува дека Јавниот обвинител треба да почне од министерството за правда и од поранешниот министер за правда Никола Тупанчевски.
Премиерот бара Тупанечевски треба да одговори зошто го оштети буџетот на министерството за десетици милиони евра поради фрустрација што не ја потпишуваше еврообврзницата за претходното задожување па остави да дојде некој друг и на тој начин се зголеми катата и ги задожи граѓаните за 10-15 милиони евра.
Прво од него треба да почне, а не амбасадор да го праќаат. Зошто Тупанчевски не е повикан на одговорност. Тоа се мои и ваши пари. За 10 милиони евра ќе изградиме 20 сали како таа во Охрид – објасни премиерот.