Kaко работела минатата власт: Акцелератор купен пред 10 години за два милиони евра веќе е амортизиран и треба да се фрли
Милиони евра скапи апарати ќе завршат во отпад наместо да им бидат од корист на пациентите.
Акцелераторот купен за штипската болница уште во 2014 година се уште е запакуван и веќе амортизиран и здравствените власти стравуваат дека неможе да биде во функција. Од Министеството за здравство ќе разговараат со фирмата, но мали се шансите дека ќе проработи. Кога пред една деценија здравствените власти дадоа 2 милиони евра за негова набавка, целта беше за неколку месеци илјадници болни од истокот за зрачна терапија да одат во Штип.
– Треба да се преземаат одредени мерки. Ако апарат не може да се користи мислам дека сме доста несериозни и неодговорни, купуваме апарат од 2 милиони евра. Никогаш не го користиме и веќе е амортизиран и треба плус да се плати за да се фрли, вели Арбен Таравари, министер за здравство.
Освен штипскиот, десет години иако купени не се во функција и аклецераторите во битолската болница и ГОБ 8-ми септември. За нив беа потрошени околу 5 милиони евра, но освен сликања и промовирања на премиери и министри, никако да почнат со работа. Оваа апаратура и онколошките амбуланти во овие установи кои исто така не се во функција, се неопходни за децентрализација на онколошките услуги и сите малигно болни да не одат на Онкологија. Ова е и еден од приоритетите на Таравари кој денеска со директорот на Фондот ја посетија клиниката. Итни вработувања но и повеќе пари за биолошка терапија. Ги пречекаа и пациенти кои подолг период алармираат и бараат соодветен третман.
-Имаме информација дека нема дел од терапијата и дека пациенти се враќаат и не ја примаат?
–Работиме на проблемот да го решиме во најбрз можен рок и се надеваме дека брзо ќе го имаме лекот, вели проф. д-р Игор Стојковски, директор на Клиника за Онкологија.
-Сега претстои ребаланс на буџетот и ќе направиме максимални напори да ги обезбедите неопходните буџети и на Онкологија, и Хематологија и другите установи кои имаат условен буџет, вели Сашо Клековски –директор на Фонд за здравствено осигурување
Онколошките пациенти закажаа средби и со министерот и со директорот на Фондот. Од исходите на разговорите ќе знаат дали терапијата за малигно болните во земјата ќе биде нова и современа како во многу држави.
Клиниката е во фокусот на јавноста со месеци по избивање на скандалот со препордажба на биолошки лекови. Истрагата од Обвинителството се уште е во тек