23 години од убиството на Ѓоко Лазаревски, херојот кој сам го бранеше Лешок
Пред 23 години, тој го бранеше своето село од припадниците на ОНА. Пред 23 години храбро војуваше за слобода на Лешок и зачувување на слободата на Македонија. Пред 23 години, Ѓоко Лазаревски кој беше припадник на МВР, го даде својот живот за селаните, за Лешок, за Македонија.
Незаборавен, од оние што знаат дека нема поголема доблест и нема поголема вредност од тоа да се сака ближниот и да се сака татковината повеќе од самиот себе. Токму такво е делото на херојот Ѓоко Лазаревски. Лазаревски е еден од македонските херои на поновата историја кој со својот живот ја покажа лојалноста кон неговата татковина.
Како резервист Ѓоко сам се пријавува и оди да се бори за својата татковина. Тој и четворица негови другари неколку дена активно го бранат селото од нападите. Иако добива наредба да го напушти селото, Лазаревски останува на своја одговорност, храбро соочувајќи се со нападите. Успева да ги задржи припадниците на ОНА, за да може селаните да се евакуираат и останува последен.
По неколкудневната борба, Лазаревски е свесен дека повеќе неможат да го издржат притисокот и да возвратат на нападите. Тој им јавува на селаните и неговите најблиски да се евакуираат што е можно побрзо. Овој голем човек, останува храбро да се бори до крај. Погоден во главата, Ѓоко ја завршува својата битка за Македонија.
По убиството на Ѓоко и освојувањето на Лешок припадниците на ОНА ќе го срушат и Лешочкиот Манастир.
Многумина неговото дело го препознаваат во стиховите од поемата „Сердарот”, „Бидете смели, нечесноста не ќе не плаши. Спомнете си кој ви навредувал земја и нека срцата охрабрат Ваши”.