Фрчкоски повикан на консултации во МНР, дали ќе биде отповикан од ОН во Њујорк?
По амбасадорот во Италија Весел Мемеди, уште еден допломат се враќа на косултации во Скопје.
Канал 5 дознава дека и македонскиот амбасадор во Ораганизацијата на обединетите нации во Њујорк, Љубомир Фрчкоски бил повикан на консултации во МНР поради финансиски малверзации и непостапување по добиените насоки.
Извори од МНР за Канал 5 велат дека причина за неговото враќање освен конзистентно непостапување по насоките кои во изминатиот период ги добивал од Министерството е и нотирана финансика недисциплина – затајување на материјални средства од сукцесија на објекти, како и трошење финансии спротивно на правилниците за работа на дипломатско конзуларните – претставништва. Актот за неговото повикување на консултации, според информациите, треба да биде потпишан во текот на денешниот ден.
Од Дипломатски синдикат ги поздравуваат ваквите први чекори на министерот Муцунски во насока на решавање на наталожените проблеми во македонска дипломатија, за кои синдикатот предупредувал со години наназад.
– Македонскиот дипломатски синдикат во континуитет предупредуваше и укажуваше на бројни неправилности а неретко и флагрантни кршења на Законот за надворешни работи но бевме целосно игнорирани од претходните раководства. Го охрабруваме министерот Муцунски и во претстојниот период неселективно да продолжи со анализа на работата на највисоките државни претставници во дипломатијата, и секаде каде што постојат индиции или се утврди прекршување на Законот за надворешни работи, соодветно да постапува во рамките на неговите надлежности, велат од дипломатскиот синдикат.
Канал 5 побара став за евентуалното отповикуавње од амбасадорското место во ОН и од професорот Љубомир Фрчкоски, но тој не беше достапен за одговори. Инаку Фрчкоски амбасадороска позиција во седиштето на Обединетите нации ја извршува веќе две години, а во Њујорк замина со указ потпишан од поранешниот претседател Пендаровски, откако претходно не успеа да добие зелено светло за амбасадорско столче во Вашингтон.
Извор: Канал 5