Филипче да одговори дали сакаше да се позајми 500 милиони евра за Клинички кој не го изгради?

Кога неврохирургот на Заеви Венко Филипче зборува за парите за специјалната финансиска соработка со Унгарија, а притоа се труди се да заборави од минатото ќе го потсетиме и прашаме на две едноставни прашања:

Дали кредитот од 500 милиони евра што сакаше да го земе за Клинички центар, а за кој суспендираше 4 закони меѓу кој и законот за јавни набавки е поповолен за него?-прашува ВМРО ДПМНЕ.

7 години подоцна, нема нов Клинички центар. А, го стопираше тој од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ.

И второ прашање за Филипче, дали задолжувањето од 500 милиони евра за евро обврзницата која ја направи владата на СДС и ДУИ со каматна стапка од 7 посто е поповолна од каматната стапка за соработката со Унгарија која изнесува 3.25%.

Заштедата сега споредено со еврообврзницата на СДС изнесува до 19 милиона евра годишно.