Убиениот во Тетово бил застрелан во возило

Убиството било извршено со пукање од возило во движење кон друго возило.

„Во 20:35 часот на СВР Тетово, пријавено е дека на улица Штипска во Тетово, лице кое било во автомобил Мерцедес со огнено оружје пукало во автомобил БМВ во кое било лицето со иницијали Р.Т., кој починал веднаш од нанесените повреди. Припадниците на полицијата од СВР Тетово ги преземаат сите мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Медиуми на албански јазик неофицијално дознаваат дека убиството е продолжение на судирите меѓу две тетовски семејства од пред неколку месеци, кога по едно судско рочиште, крвавата расправија продолжила со огнено оружје пред тетовската болница.