Скандал: Пратеникот на ДУИ Дураку одби на одговори на македонски

На новинарите им порача да си најдат превод бидејќи албанскиот јазик, според него, бил службен во земјава. Одговорајќи на прашање само на албански за апсењето на поранешниот припадник на ОВК, од страна на македонската полиција, иако беше замолен истиот став да го повтори и на македонски, во интерес на јавното информирање, тоа не го направи, иако прес-конференцијата беше свикана токму од „Европскиот фронт“, а превод не беше обезбеден.

– Дали може ова истотво да ни го кажете и на македонски?, праша Канал 5.

– Имате превод, преведете, албанскиот јазик е службен јазик…, им порача Дураку на новинарите.

За разлика од Дураку, кој е екс вицепремиер и министер, во јавноста познат и како „Командант Вентили“ како учесник во конфликтот од 2001, дел од неговите колеги од ДУИ беа расположени да зборуваат на македонски јазик. Координаторот на пратеничката група, Блерим Беџети потврди дека ДУИ преку законски и уставни решенија ќе бара автентично толкување на Рамковниот договор и како што велат почитување на волјата на гласачите. Беџети потврди и дека еден од авторите на Охридскиот рамковен договор е Пол Вилијамс е дел од меѓународен експертски тим кој го ангажирале за да им скрои ваква платформа.

Од коалицијата „Вреди“, ваквите најави на ДУИ ги сметаат за неосновани. Според нив нема потреба од автентично толкување на Охридскиот договор, бидејќи тој на никаков начин не е загрозен.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети викендов на состанокот во Гостивар најави дека ДУИ подготвуваат закон за формирање влада, бидејќи како што рекол, ВМРО-ДПМНЕ „не го прочитале или не знаат да го читаат Охридскиот договор“. Покрај платформата која ја подготвуваат, лидерот на партијата Ахмети соопштил и дека од септември ќе излезат на протести пред Влада и Собрание…

Извор: Канал 5

 

 

Comments are closed.