Се развеаја знамињата, коњите и коњаниците подготвени – од Ѓорче тргнаа за Крушево

Предвидено е коњаницата да се придружи на централното одбележување на празникот Илинден во Крушево на 2 август.

Во организација на Здружението на граѓани „Бигорски манастир“, а со поддршка од Општина Ѓорче Петров, попладнево од реонскиот парк во Ѓорче Петров членови на Скопски коњички марш со коњаница тргна за Крушево.

Јавајќи на коњи и веејќи македонски знамиња, учесниците на коњички марш ја почнаа својата рута.

Предвидено е коњаницата да се придружи на централното одбележување на празникот Илинден во Крушево на 2 август.

Годинава се одбележуваат 121 година од Илинденско востание и 46 години од првиот Илинденски марш. Целта на ваквите настани, велат од Општината, е да се сочува традицијата, културата, македонските вредности и љубовта кон татковината, по пример на храбрите македонски јунаци низ историјата.

v