Радев барал ДА СЕ ИСПОЛНИ ТОА ШТО ВЛАДАТА НА СДСМ ДОГОВОРИЛА
За време на разговорите со премиерот на Македонија Христијан Мицкоски, Румен Радев, бугарскиот претседател изразил надеж дека Македонија ќе го забрза спроведувањето на билатералниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и договорите кои земјата ги има со Европската Унија, со што ќе се отвори перспективата за почеток на преговори за полноправно членство со ЕУ, пренесуваат бугарските медиуми детали од вчерашната средба на Мицкоски со Радев на самитот на Европската политичка заедница што вчера се одржува во Обединетото Кралство.
Според бугарските медиуми, Радев имал и средба со албанскиот премиер Еди Рама, на кого му честитал за успешно спроведениот попис, кој им дал шанса на Бугарите во Албанија слободно да ја искажат својата припадност.
Во своето видео обраќање Мицкоски изјави дека главен приоритет на Македонија и на новата македонска Влада претставуваат добрососедските односи и конечно наоѓање трајно и одржливо решение за проблемот којшто го имаме со нашиот источен сосед.
Премиерот Христијан Мицкоски во говорот за време на предавањето што го одржа на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Балтимор, како дел од неговата посета на Соединетите Американски Држави, каде што македонската делегација учествуваше на Самитот на НАТО зборувајќи во врска со нашето отпочнување на преговорите со Европската Унија посочувајќи дека како држава немаме, како што рече, гаранција за последното барање во разговорите со Бугарија.
„Која институција во Европа е задолжена да суди дали нечии права се испочитувани. Зборуваме за судот за човекови права во Стразбур. Ние имаме 14 пресуди во Стразбур кои велат дека правата на македонската заедница во Бугарија се повредени и се под рестрикција, а такво нешто нема за бугарското малцинство . И тука се поставува логичното прашање, чии права се повредени?“, рече Мицкоски на предавањето.