Пешевски за ТВ Алфа: Не само распуштање, туку и укинување на Судскиот и обвинителскиот совет
Не само да се распушти, реформите треба да се движат во насока и на укинување на Судскиот и советот на јавните обвинители кои влијаат за намалување на довербата во правосудството. Правници со порака до власта да размислува за размислува за радикани промени во правосудниот систем. Адвокатот Пешевски посочува дека членовите во највисокото судско тело наместо да мислат како да се подобри катастрофалната состојба, тие единствено што сакаат е да си ги зачуваат позициите.
„За да се врати довербата во правосудството ќе треба многу работа и ќе треба многу храбри чекори да се преземат. Дали сум на тоа дали судскиот совет треба да се распушти или не: Апсолутно да, и тоа може да биде добар старт. Не само да се распушти туку можеби треба и да се укине како судско тело и треба да се обмисли и оформи тело и тоа од самите судии ново тело во кое што ќе партиципираат судиите. Но ваков СС, и во овој состав допринесе да се намали довербата во судството и тоа на ниво на статистичка грешка. Така да мора да се распушти.. Јас стварно незнам која е нивната борба сега преку странски амбасадори да ургираат и било што да направат да не бидат распуштени, не можам да сфатам. Место самите да пробаат да ги сменат на подобро работите во судството они гледаат да си ги задржат фотелјите“ вели Драган Пешевски – адвокат.
Идентично распуштањето како на Судскиот и Советот на ЈО, вели Пешевски, ќе бидат храбри чекори кои многу веројатно ќе дадат резултат.
„Истиот став го имам и за Советот на јавни обвинители. Републички судски и совет на ЈО, се длабоко партизирани интитуции кои што го рушат рејтингот на судството и создаваат ситуација каква што имаме. Политизирано судство и доверба од ранг на статистичка грешка како што реков“ вели Пешевски.
Најавата на Мицкоски за коренити реформи наиде на многу коментари дури и од амбасадорите. Но тие по критиките од премиерот дека се мешаат во внатрешните работи на државата и дека неопходни се реформи, а ако имаат предлози да ги кажат,посочија дека македонскиот премиер отворил важни прашања и дека соработката продолжуува. Според владината програма, власта нема да се откаже од најавите криминалците и корупмпираните да си ја добијат заслужената казна.
Извор: ТВ Алфа