Од чии пари е новиот ИМОТ НА АРТАН ГРУБИ и на АМБАСАДОРОТ во АБУ ДАБИ, АБДУЛ КАДАР МЕМЕДИ?

Од чии пари е новиот ИМОТ НА АРТАН ГРУБИ и на АМБАСАДОРОТ во АБУ ДАБИ, АБДУЛ КАДАР МЕМЕДИ?

Со конкретни резултати, со исполнување на дадените ветувања од изборната програма може да се одговори на неоснованите критики, посочи новинарката и уредничка Ивона Талевска во гостување на Алфа ТВ во емисијата “За или против“.

-Постојат многу злоупотреби кои се правени во изминатиот период.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски веќе почна да ги санира проблемите во дипломатијата. Го повика Весел Мемеди, амбасадорот од Рим назад на консултации, поради проблемот со пасошите, денеска читаме дека го повикал и амбасадорот Фрчкоски поради злоупотреби и непостапување по насоки на МНР.

Би сакала да му посочам на министерот уште една злоупотреба. Да се провери имотот на амбасадорот во Абу Даби, Абдул Кадар Мемеди, кој е два мандата во Абу Даби иако не смее последователно два мандати да биде на исто место. Да се провери неговиот имот во Скопје, купени се недвижности во комплексот кај Ист Гејт и да се провери од каде му се тие пари. Според информациите со кои располагаат во Вечер.мк, се работи за злоупотребени државни пари, пари кои требало да влезат на сметката на државава, а тој ги има ставено во свој џеб. И знаеме од каде се дојдени тие пари кои требало да легнат на сметка на државата. Вакви случаи ќе има многу, посочи Талевска.

-Не знам дали ќе му биде потешко на министерот за администрација Горан Минчев да најде стручни кадри во администрацијата, бидејќи, според податоците кои ги имам, правени се големи злоупотреби на балансерот. Голем број албанци се вработени во администрацијата, а пишани се дека се Македонци.

Или потешко ќе му биде на министерот Панче Тошковски кој треба да ја тргне дрогата од улиците, а и да се справува со криминалот и корупцијата, не само општиот криминал, туку и високата корупција и криминалот во институциите. МВР заедно со обвинителството ќе ја водат таа битка. А треба да обезбеди и “безбеден сообраќај“ истовремено, од каде да тргне попрво?

На Гордана Димитриеска Кочовска сигурно ќе и биде тешко да го наполни буџетот, за што веројатно ќе и треба магично стапче, бидејќи државата е презадолжена, а парите во изминатиот период трошени се ненаменски.

Не знам дали на нејзе, на Панче Тошковски, можеби на Изет Меџити ќе му биде потешко. Тој како министер за екологија нема да ги гледа само оџаците на фабриките, туку ќе треба да ја исчисти државава. Не само политички и институционално, ќе треба и физички да се исчисти, државата ни загадена и валкана и ќе треба многу да се работи со луѓето на таа проблематика. И не само овие кои ги наведов, сите министри имаат голем товар на свој грб, посочи Талевска.

Според неа, една од клучните работи ќе биде и враќање на функционалноста на јавниот здравствен систем.

-Приватниот здравствен систем е под таков притисок во однос на побарувачката за здравствени услуги поради колапсот на јавниот здравствен систем, во однос на можностите и капацитетите кои ги имаат. Му посакувам многу големо трпение на министерот Таравари, многу големи напори и голема сила за да успее да врати нешто од функционалноста на јавниот здравствен систем, посочи новинарката Талевска.

Таа напомена дека и стратешки пријатели на Македонија посочуваат дека главниот проблем во земјава е криминалот и корупцијата. Тоа не може да биде случај ако постои здрав правосуден систем, за кој постојано се вели дека треба да се реформира.

-И сега одеднаш слушаме критики за предложениот начин на реформи за кои гласаа убедливо големо мнозинство од граѓаните на изборите, бидејќи тие мерки беа дел од изборните програми. Секогаш се добредојдени нивните сугестии за реформи, согласно локалните услови и можноста за примена на други примери и пракси. Можеме ние и летечки такси да сакаме да воведеме, ама нема ниту каде да се паркираат, нити каде да се наполнат нивните батерии. Така што, лошите оценки за состојбата со криминалот и корупцијата пред се и зад се се заради лошиот правосуден систем и тие мора да се соочат со реформи, посочи таа.

Граѓаните гласаа за ВЛЕН за да се сузбие криминалот и корупцијата кај ДУИ

-Смешно е Артан Груби да биде професор во новинарство, исто како што беше смешно да биде министер или политичар. Артан Груби е шеф на навивачка група и кога како таков ќе го ставите да биде една од централните фигури во централната власт, тоа повеќе зборува за кризата во ДУИ во изминатиот период и во немањето критериуми и стручни луѓе да ги стават на позиции. Моето лично мислење е дека ДУИ е главниот кривец за колапсот кој и се случи на оваа држава, нивното криминално и незаконско работење и како партија и како дел од институциите. Добро е за нив да поминат период во опозиција и внатрешни реформи. Во борбата против криминалот и корупцијата добро би било да видиме колку длабоко таа метастаза ја има зафатено ДУИ.

-По јавно допрен глас, повикувам да се провери имотната состојба на Артан Груби. Не зборувам само за имотот тука во Македонија, туку да се провери потеклото на парите за станот што неодамна го има купено во Тирана. И за која намена го има купено. Сето ова треба да биде добро истражено и потоа објавено, посочи Талевска.

Според неа, коалицијата со “Вреди“ е добра основа не само за функционална власт, туку и за борба против криминалот и корупцијата.

– Сепак, ДУИ дојдоа на власт на сила и сакаа да останат на власт на сила преку коалицијата во 2017 година со СДСМ, не коалицирајќи победник со победник. Тие сметаат дека им е “од Господ дадено“ да се на власт, а не е така. На таа партија и е потребно сериозно внатрешно реформирање, поставување идеологија, бидејќи постоечката е застарена и помината, не важи за овој период од 21 век, таа припаѓа на 20-тиот век. Им треба нова програма и нови луѓе, поминато е времето и на Али Ахмети, и на Артан Груби и на Бујар Османи. Треба да дојдат политичари интелектуалци, а не навивачи и не поранешни терористи. Откако ќе го поминат процесот на реформи, да видиме кој ќе биде резултатот и како ќе се постават кон гласачите, бидејќи на крајот, гласачите одлучуваат, а тие овој пат, гласаа за “ВЛЕН“.

Извор: Вечер.мк