Мицкоски се сретна со Кралот Чарлс

Во Лондон остварив средба со НВ Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III, напиша на Фејсбук претседателот на македонската влада, Христијан Мицкоски

Во Лондон остварив средба со НВ Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III, напиша на Фејсбук претседателот на македонската влада, Христијан Мицкоски.

Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што дискутиравме за повеќе важни прашања, вклучувајќи ги билатералните односи меѓу двете земји и можностите за натамошна соработка во различни области. Оваа средба претставува значајно признание за Македонија и е потврда за зајакнатата соработка и пријателство со Обединетото Кралство, истакна Мицкоски.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.