Мицкоски- Орбан: Добрите билатерални односи помеѓу двете земји ќе продолжат во насока на зајакнување на полето на економијата и енергетиката
Премиерот Христијан Мицкоски на маргините на Самитот во Лондон, се сретна со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.
-Разговаравме за евроинтеграцискиот пат на Македонија и идните чекори на Унгарија како претседавач со Европската унија. Добрите билатерални односи помеѓу двете земји ќе продолжат во насока на зајакнување на полето на економијата и енергетиката. Исто така се заблагодарив за досегашната поддршка и соработка од страна на Унгарија.
Продолжуваме посветено да работиме за интересите на граѓаните, информира Мицкоски.