МВР ВЛЕЗЕ ВО АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ: Имало индиции за злоупотреби, се одземаат компјутерски податоци, мобилни телефони и досиеја

Одделот за Крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапува по Наредба на Судија на претходна постапка, а по барање на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Академијата на Судии и Јавни обвинители каде се вршат детални претреси, а според информациите на Слободен печат се одземаат електронски податоци од компјутерски системи, мобилни телефони и досиеја од веќе избрани судии и обвинители.

Информациите говорат дека се собираат докази за евентуални злоупотреби на системот за полагање

Најверојатно станува збор за проверка на индиции за злоупотреби поврзани со полагање испити и тестови.

„МВР – Одделот за Крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапува по Наредба на Судија на претходна постапка, а по барање на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Се одземаат електронски податоци од компјутерски системи, мобилни телефони и досиеаја од веќе избрани судии и обвинители. Дејствијата се во тек – соопштуваат од МВР.