Критично над Радовиш вечерва, гори борова шума, огнот се приближува кон викенд населба
Големиот шумски пожар што избувна попладнево над Радовиш и навлезе во борова шума, се приближува до викенд населба, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
Според него станува збор за пожар на околу седум километри од градот, а пожарникарите на ТППЕ Радовиш и локално население прават напори да ја пресечат линијата на огнот.
Пожарникарите се обидуваат со контра пожар да ги одбранат десетината куќи и викендичките кои се наоѓаат во неспоредна близина на пожарот, изјави Ангелов.
Гаснењето на пожарот ќе продолжи и во текот на ноќта.