Заробените од огнот на планината Огражден се евакуираат со словенечки хеликоптер
Градоначалникот на Ново Село, пожарникари и цивили кои беа заробени од пожарот на планината Огражден и кои преку драматично обраќање преку Фејсбук побараа помош, пред малку се евкуирани со словенечки хеликоптер.
Веста ја споделија струмичките пожарникари со видео на кое се гледа како се упатуваат кон хеликоптерот.
Неколкуте пожарникари од ТППЕ Струмица, заедно со градоначалникот на Ново Село Ѓорѓе Божинов и цивили беа заробени од огнената стихија над селото Бадилен во радиус од 500 метри.