Дарио Ивановски и Миљана Рељиќ го развиорија македонското знаме на Сена

Македонската делегација, составена од шест спортисти, четири судии, нивните тренери и официјалните претставници на Македонскиот олимписки комитет, и официјално се претстави на свечената церемонија на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) кои по трети пат се одржуваат во Париз.

Знаменосци во нашиот тим беа маратонецот и нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски и теквондистката Милијана Рељиќ.

Покрај знаменосците, нашиот спорт во Франција ќе го претставуваат уште пливачот Никола Ѓуретановиќ, Анастасија Мојсовска во дисциплината спортско стрелаштво, џудистот Еди Шерифовски и борачот Владимир Егоров.

Судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе делат правда на ракометните натпреварувања, Иван Михајловски во триатлон и Анета Павловска во тенис.

На Игрите учествуваат 10.714 спортисти, во 32 спортови, од 206 земји и територии, плус група спортисти кои ќе се натпреваруваат под знамето на МОК, како и тимот за бегалци. Поради војната во Украина, Русија и Белорусија не учествуваат.