Огнот за депонијата се шири кон Стар Дојран, а досега се зафатени три куќи. локалното населени од пладнето се евакуира. Повредени засега нема. заменик генералниот директор на национални шуми бара одговорност од градоначалникот на Дојран Анго Ангов бидејќи според него депонијата ја оставил запалена, заклучена и без чувар, поради што пожарникарите не можеле да влезат да го изгаснат пожарот кој се прошири и на куќите.

„Итно барам да понесе одговорност за градоналникот на општина Дојран Анго Ангов затоа што дојранската депонијата била заклучена и оставена без чувар и запалена, а поради тоа екипите на ТППЕ не биле во можност да влезат веднаш во депонијата и да го спречат првичниот пожар кој пред малку излегол од депонијата кон м.в. Карабалија, а поради ветрот огнот опасно се доближува кон Стар Дојран и е надвор од контрола.

Мора да ставиме крај на оваа катаклизма со тоа што одговорност ќе понесе секој кој направил нешто спротивно на Законот или не направил нешто коешто му била обврска согласно неговата функција. Човек ни почина вчера, имаме повредени, зафатени се населени места, а место за ваква неодговорност нема да има“ напиша Михаилов на Фејсбук.