Ангелов: „Спартан“ ќе фрла водна бомба на пожар под Солунска глава

Сериозни пожари за кои најверојатно ќе биде биде потребна воздушна поддршка има и на териториите на општините Чашка, Долнени, Студеничани, Зелениково и под Солунска глава.

Романските авиони „Спартан“ и „Херкул“, кои како дел од меѓународната помош се испратени во Македонија, слетаа на скопскиот аеродром и веќе ги добија своите работни задачи за гаснење на пожар во Македонија.

Сериозни пожари за кои најверојатно ќе биде биде потребна воздушна поддршка има и на териториите на општините Чашка, Долнени, Студеничани, Зелениково и под Солунска глава.

-Бидејќи пожарот под Солунска глава се одвива на исклучително тешко пристапен, а на поголем дел и непристапен терен ќе биде упатен романскиот „Спартан“ кој ќе фрли во еден налет пет тони вода, по што ќе биде одлучено како ќе се постапи понатаму. Карактеристично за „Спартан“ е тоа што на местото каде ги фрла таканаречените водни бомби, не смее на има луѓе на земја, бидејќи водните бомби претставуваат опасност за нив, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Во моментов нема опасност по ниту едно населено место, а целата состојба е под контрола.

Comments are closed.