Агим Красниќи и Сехат Рамадани екстрадирани од Косово во Македонија после 4 години бегство

Агим Красниќи кој беше дел од „кондовската група“ и Сехат Рамадани вчера биле екстрадирани од Косово. По претходно дозволена екстрадиција тие се сместени во затворот во Штип за доиздржување на затворската казна на која беа осудени, потврдија од штипскиот затвор.

Красниќи чие село Кондово на почетокот на двеилјадитите години беше држава во држава, по четири години бегство беше уапсен на Косово на крајот на април. Красниќи заедно со Рамадани во 2020 година не се вратија во штипскиот затвор по слободен викенд.

Две и пол години користеле викенди и одмори, но во февруари пред четири години не се појавиле на затворските капии. Треба да одлежат уште околу три од вкупно 15 години затвор на кои беа осудени во 2008 година. Тие беа осудени за повеќе кривични дела поврзани со насилство, киднапирање, изнуди и нелегално оружје.

Извор: 24.мк

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.