Џафери и Демири да се ОТКАЖАТ од една функција или ќе добијат КАЗНА!
Државната комисија за спречување корупција уште во саботата ги предупреди Талат Џафери и Илир Демири дека треба да ги почитуваат законите и затоа што се дел од новиот пратенички состав мора да се откажат од другите функции – технички премиер и технички министер за здравство, досега тоа не е направено.
Како што дознава „Телма“, и денеска двајцата барале документи со нивен потпис во министерството што јасно укажува дека се уште во забранета позиција на неспојливост на државни функции. Од ДКСК велат дека ќе добијат и казна ако не се откажат од една функција.
Во случјаот де факто постои неспојливост односно една институција или едно лице извршува двојство на функции. Во тој случај, ДКСК има законска обврска да покрене прекршочна постпка согласно член 105 каде е уредено дека се изрекува глоба од 300 до 500 евра во денарска противвредност на избраното и именуваното лице каде што имаме утврдено неспојливост на функција, изјави Татјана Димитровска, претседател на ДКСК.
Крајниот рок е завршување на денешниот ден, рече Димитровска која ги потсетува пратениците дека треба да ги почитуваат законите, а не да работат спротивно на нив.