ТЕШКА НЕСРЕЌА: Две лица повредени, излетале од пат и завршиле во река

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид на увидна екипа од ОВР Гостивар.

Во Полициската станица Гостивар утринава во 04:15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Падалиште, во с.Беловиште, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(54) од Гостивар, излетало од патот и паднало во Лакавичка река.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобил неговиот сопатник А.Ф.(52) од Гостивар, констатирани во Медицински центар Гостивар, информира МВР.

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид на увидна екипа од ОВР Гостивар.