Талат УШТЕ ЕДНА ГОДИНА ЌЕ ИМА СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО, одлуката СО НЕГОВ ПОТПИС

Техничкиот премиер во заминување, Талат Џафери, уште една година по престанокот на мандатот ќе може да се вози во службено возило. Одлуката е објавена во Службен весник на 13 јуни со потпис на самиот Џафери, објави А1.он

Џафери ќе има на располагање „шкода суперб“ произведена во 2021 година, која се води на име на Службата за општи и заеднички работи при Владата.

Според Законот за Влада, премиерот на кој ќе му престане мандатот има право да користи обезбедување од шест лица службено возило и возач.

Џафери беше премиер за спроведување на изборите од 28 јануари годинава и заклучно со недела кога се очекува да биде избрана новата влада, тој бил на чело на извршната власт скоро пет месеци.

Но, службено возило ќе може да користи уште една година, бидејќи, според Законот за Влада, премиерот кој ја вршел функцијата пократко од една година, „правото на коритење на службено возило ќе го остварува во период од една година од денот по престанување на функцијата“.