Скандал во Струга: Избегнат инцидент на одбележувањето на патронатот на ОУ „Браќа Миладиновци“, директорката забранила да се пее македонската химна
Директорката на основното училиште Браќа Миладиновци од Струга, Албана Жута, денеска спротивно на законот забранила да се пее македонската химна на одбележувањето на патронатот на училиштето, објави МКД.мк.
Дополнително, Жута во својот говор пред присутните на албански јазик истакнала дека училиштето треба да го врати името Лирија од периодот на Втората светска војна и окупацијата на фашистичките окупатори. МКД.мк уште дознава дека родителите на учениците веќе поднеле кривична пријава против директорката Жута како и претставка до Државниот просветен инспекторат.
На одбележувањето на патронатот основното училиште Браќа Миладиновци во Струга денеска, за малку бил избегнат инцидент откако директорката на училиштето, Албана Жута во своето обраќање користела реторика со политичка конотација и погрешни историски факти, при што таа на албански јазик истакнала дека училиштето треба да го врати името Лирија од периодот на Втората светска војна и дека треба „да се вратат на патиштата што тогаш биле зацртани“.
Говорот на Жута предизвикал негодување кај присутните кои ја исвиркале директорката, а македонските наставници се обиделе да го прекинат говорот на по што наишле на груба и насилничка реакција на професорите Албанци кои се заканувале со физичка пресметка.
МКД.мк дознава дека на директорката ѝ било предочено дека говорот содржи исторски невистини, но таа на стручните луѓе од училиштето им кажала дека таа е директорка на училиштетот и дека ќе прави што сака.
Според информациите на МКД.мк за денешниот инцидент веќе е поднесена кривична пријава и претставка до Државниот просветен инспекторат.