“Сашо Мијалков НИКОГАШ НЕ МИ СЕ ИЗВИНИ“

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во поткастот „Претрес“ зборуваше за нејзините односи со ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.

Таа е убедена дека прислушуваењето и бомбите излегле токму од оваа институција. За неа, со застарувањето на предметот – не е ништо изгубено. Откри што може да се направи за да се утврди одговорност и да се донесе правда за сите кои се дел од „бомбите“.

„Па не ми се извинил“, рече Јанкулоска, а прашана дали треба Сашо Мијалков тогашен директор на УБК надлежен за прислушкувањето да и се извини, додаде: „Па ќе видиме, времето е пред нас“.

Посочи дека Специјалното јавно обвинителство не ја исполнило клучната улога – да открие и да лоцира вина кај тие што прислушувале.

„Се друго се направи освен тоа. За мене тоа е болка, незаконското прислушувње, без разлика што нема мој придонес, и јас сум на врвот од лицата кои се највеќе прислушувани, беше во мандат кога јас бев министер. Тоа беше огромен пресврт во мојот живот и мојата кариера. Мојот живот се сврте наопаку“, додаде таа.

Прашана дали толку Мијалков имал недоверба во неа, одговори: „Тоа прашање го поставувате на погрешна адреса. „Ако сакате да добиете одговор би требало да го викнете и верувам ќе ви одговори. Не сум го прашала, затоа што навистина, било што, по се што се случи, било каков одговор, реалноста не ја менува“.