Претседателот на Уставен во МВР пријави закани по живот врз уставни судии
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до МВР, за упатени закани по животот и безбедноста на судии на Уставниот суд.
Како што информираа од Судот, пријавата е поднесена поради директно упатени закани кон судија односно судии поврзани со постапување по конкретен предмет од страна на Судот.
„Прететседателот Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани упатени до судиите, истакнувајќи дека во едно демократско општество, вакви и слични закани претставуваат напад врз интегритетот на Уставниот суд, но и директен притисок врз независното и самостојно одлучување на сите судии. Поради сериозноста на упатените јавни закани и повици за насилство, Судот очекува надлежните органи професионално и навремено да ги превземат сите неопходни мерки и активности за расветлување на овој но и слични закани кон судиите“ се вели во соопштението од Уставен.