Поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити и проф. д-р Андон Чибишев се нови директори на Неврологија и Токсикологија

Поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити и проф. д-р Андон Чибишев се нови директори на Клиниките за Неврологија и за Токсикологија, соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Како што кажа тој, до денес разрешени се девет економски директори на повеќе скопски клиники.

Не ги памтам сите, но меѓу нив е и економската директорка (Бесија Иљази) на Токсикологија. Назначен е и новиот директор и утре се надевам дека ќе започне. Професор Андон Чибишев е новиот директор на Токсикологија. Утре се надевам дека ќе назначиме и директор на Онкологија бидејќи таму решението за в.д. директорка е поминато од средината на јуни. Има и нов директор на Неврологија – бившиот министер за здравство, Фатмир Меџити, кажа денеска Таравари во изјава за медиумите.

Според новиот министер, утврдени се неправилности во работата на Иљази на Клиниката за токсикологија.