Одлучено Зоран Ставрески да биде следен гувернер на Народна банка
ВМРО-ДПМНЕ одлучило да го предложи поранешниот вицепремиер за еконосмки прашања Зоран Ставрески за следен гувернер на Народна Банка, дознава ТВ21 од свои извори.
Аргументите да се поддржи кумот на поранешниот премиер Никола Груевски биле работно искуство што го имал во Светска банка и раководењето со Министерството за финансии.
Ставрески на таа позиција би дошол како независен експерт, бидејќи не станува збор за член на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој беше една од главните „ѕвезди“ од прислушкуваните телефонски разговори, популарно познати како „бомби“, кои што ги објавуваше поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев.