Нѐ нарече некого: Албанскиот фудбалер се извини без да ги спомене Македонците, a УЕФА отвори истрага против албанскиот репрезентативец Даку
Во неговата објава тој им се извинува на македонските граѓани, но без воопшто да ги спомне конкретно.
Извинете ако некого навредив по натпреварот со Хрватска, ефектот на играта си го направи своето.Продолжувам да работам за целиот тим за нашите соништа-напиша Даку.
За однесувањето на Даку истрага отвори и УЕФА.
Даку, кој е роден во Косово, по завршувањето на натпреварот од второто коло во групата Б меѓу Албанија и Хрватска се упати кон трибините на стадионот во Хамбург и преку мегафон ги навредуваше Македонците и македонската држава, а потоа ги повика во тоа да му се приклучат и навивачите на албанската репрезентација.
Целото извинување може да го причитате во неговата објава на Фејсбук.