Мицкоски ја презеде премиерската функција

Новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски ја презеде премиерската функција од досегашниот претседател на техничката Влада, Талат Џафери.

Новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски ја презеде премиерската функција од досегашниот претседател на техничката Влада, Талат Џафери.

На примопредавањето во Владата, Мицкоски и Џафери имаа кратка средба, без изјава за медиумите.

Мицкоски, денеска попладне, како што е најавено, ќе биде во работна посета на општина Штип.

Собранието по дводневна расправа синоќа со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра новата Влада. Во владиниот кабинет ќе има 20 министерства, четири повеќе од досега. 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

На влезот на зградата од Владата Мицкоски беше дочекан од своите блиски соработници Владимир Неловски и Игор Јанушев, кои ќе имаат владини функции.

Неловски ќе биде шеф на кабинет на премиерот, додека Јанушев се очекува да биде новиот генерален секретар на Владата.

Comments are closed.