Мицкоски: Новата влада – партнер на стопанствениците, огромна инвестиција од 450 милиони евра на вториот ден од мандатот
За вториот ден од неговиот премиерски мандат, Христијан Мицкоски најави инвестиција во енергетиката која ќе чини 450 милиони евра. Идниот претседател на Влада е уверен дека од Македонија може да се направи енергетски независна земја само доколку се работи напорно и со однапред зацртана цел.
Кога може да се очекува отпочнувањето проектот кој што го најавивте, нов ветропарк во штипско-радовишкиот регион?
Вториот ден од мојот мандат ќе дојде една огромна инвестиција од 450 милиони евра, нешто кое се нема случено кај нас, не само во енергетиката туку и општо во бизнисот, инвестиција која што ќе произведува 20% од вкупното производство на електрична енергија и тоа ќе биде обновлива енергија. Со тоа ќе направиме чекор кон комплетна енергетска независност и јас сум убеден дека за неколку месеци од денес ќе можеме да прогласиме дека Македонија ќе биде енергетски независна, ќе произведуваме колку што трошиме а граѓаните нема да бидат загрижени за високите сметки, за инфлацијата, туку таа електрична енергија која ќе ја трошиме ќе ја произведуваме, нема да ја увезуваме, со што ќе се намали разликата на нашата трговска сметка а истровремено ќе се зголеми БДП а со зголемување на БДП ќе се вратиме на она место каде што припаѓавме, во врвот на Европа, рече мандатарот Мицкоски.
Но за да има инвестиции, потребно е искоренување на криминалот и корупцијата – така инвеститорите ќе бидат уверени дека Македонија гарантира заштитата од неморални и коруптивни притисоци, порача Мицкоски на отворањето на вториот производствен погон на фабриката „Киел Македонија“ во ТИРЗ – Тетово.
Јас сум за што повеќе инвестиции кои го зголемуваат животниот стандард, а ова е борбата за подобар живот на сите граѓани. Македонија се сака со дела и тоа е најдобриот одговор за сите кои во политиката прават етнички поделби, креваат ѕидови и создаваат омраза. Да имаме натпревар на идеи, наместо натпревар во шовинизам и радикализам. Со работа, со решенија и креирање конкретни работи се сакаат и се бори за благосостојбата на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите останати. Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит. На тој начин ќе се помогне на бизнисот и ќе се обезбедат повеќе пари во економијата, посочи Мицкоски.
Темата за новото уставно име се чини дека е неизбежна. Па денес мандатарот им објасни на новинарите дека не го променил ставот кога кажа дека заклетвата ќе ја даде со „Северна“ туку само ќе ги почитувал законите.
Јас не сум го променил ставот. Јас цело време велам Македонија и ќе продолжам. Ама не можеме да бараме од граѓаните да го почитуваат законот а ние калкулираме. Вие гледате дека и денеска не ја користев, тоа е мое елементарно човеково право, мојата татковина е Македонија но исто така како влада мораме да ги почитуваме уставот и законите
Предизвик на идната влада ќе биде и спроведување на препораките од скрининг процесот ако сакаме да се движиме напред кон ЕУ. Една од реформите кои треба да се преземат е укинувањето на Балансерот.
Соодветно на ск процесот кој е направен укин на балансерот е препорака од еу вие сакате еу или не? ако тие велат дека треба да се укине тогаш што ви преостанува? ништо, само да работиме согласно препораките на еу и дали ттреба да се однесуваме и да напредуваме во Македонија според компетенции или според етничка припадност, пол, или според верска? Јас мислам дека треба според компетенции, така?
По гласањето на Владата кое треба да се случи најдоцна до недела на полноќ, ќе следат консултации за измени во законот за локална самоуправа бидејќи неколкумина градоначалници ќе станат министри во новата влада.
Извор: ТВ Алфа