Мицкоски: Мојата визија е насочена кон економски раст, социјална кохезија и меѓународна соработка
Денес имав чест да ја преземам функцијата премиер од мојот претходник.
На церемонијата во просториите на Владата, како новоизбран премиер, акцентирав дека ќе ги почитувам принципите на транспарентност, одговорност и напредок.
Мојата визија е насочена кон економски раст, социјална кохезија и меѓународна соработка.
Остануваме посветени на решавање на итните прашања со кои се соочуваме и работа кон обединета и просперитетна држава.
Со новата одговорност што ја преземам, продолжуваме да работиме за интересите на сите наши граѓани и да ги остваруваме националните цели, на домашен и меѓународен план. 🇲🇰
За тебе!
Продолжуваме! – напиша на својата фејсбук страница новиот премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски.
Денеска Мицкоски ја презеде функцијата Премиер на Македонија, откако доцна синоќа македонското собрание го изгласа новиот владин состав.