Ковачки до Спасовски: Само во торбите ви е паметот

Пратеникот Драган Ковачки му реплицира на донеодамнешниот министер за внатрешни работи од СДСМ, Оливер Спасовски, според кој „каде има големи ветувања, одете со мала торба – предлогот за Влада е без план во економијата и во стратешките цели“.

„Само во торбите би е паметот“, му врати на Спасовски членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи на многуте корупциски афери што ги одбележаа седумте години на власт на партијата на координаторот на пратеничката група и член на Централниот одбор на СДСМ.