Кај пекол жешко, уште и сахарски песок го зафати регионот: Загадени повеќе македонски градови

Повеќе македонски градови вчера беа со високо загаден воздух.

Се смета дека прашината од Сахара придонела за поголема загаденост. Високо загаден беше воздухот во Битола, Охрид, Кичево, Берово, Струмица, Кавадарци, Велес, делови од Скопје и Лазарополе.

Тетово, Прилеп и Гостивар се средно загадени, а ниско загадено е Кочани и Куманово многу ниско. Прашина од Сахара има во повеќе земји во опкружувањето.