Запалено македонското знаме во месната заедница во Куманово, низ целиот објект испишано УЧК
Запалено македонско знаме виси над месната заедница во Куманово, спроти железничката станица. Под изгореното македонски знаме, низ целиот објект на месната заедница со спреј исцртано албанското знаме, но и ознаката за УЧК.
Ако одите по улицата и на асфалтот ќе видите исцртано УЧК.
Локалното население реагираше до Сител- велат дека се загрижени и дали станува збор за провокација кон жителите во таа околина.
Месната заедница обично се отвора навечер и таму се собираат пензионери.
Од полицијата денеска излегоа на терен и од она што можеше да се соопшти е дека се преземаат мерки да се расчисти случајот.
Ова не е прв пат на територија на Македонија да биде запалено македонското знаме. Последниот случај беше пред неколку години на железничка станица во Скопје Север каде беше уапсен маж кој го запали македонското знаме. Последниот сличен случај беше и на Попова Шапка кога знамето на јарболот во манастирот беше заменето со албанско знаме, веднаш до 15 метарскиот крст во дворот на манастирот.
Извор: ТВ Сител