ЕКСПЛОДИРА БОМБА ВО ЦЕТИЊЕ, загинале членови на ШКАЉАРСКИ КЛАН (ВИДЕО)

Пред Спортскиот центар во Цетиње утрово експлодирала бомба, а во експлозијата загинал член на шкаљарски клан Петар Калуѓеровиќ, објавија регионалните медиуми.

Извор на „Вијести“ од врвот на Црногорската полициска управа изјави дека на повредите им подлегнало уште едно лице, член на истата организирана криминална група.

Повредени се три лица, меѓу кои и една постара жена.

За „Блиц“ е потврдено дека утринава околу 9 часот имало експлозија во Цетиње.

Од силината на детонацијата испукани се прозорците на зградите, а откорнато е и дрво, јавуваат локалните медиуми, пишува РТЦГ.

На местото на настанот е и градоначалникот на Цетиње, Никола Ѓурашковиќ.

Comments are closed.