Да не го мислите: Ковачевски НАЈДЕ АНГАЖМАН во тинк тенк организација за образование
По големиот пораз како лидер на СДСМ, екс премиерот Димитар Ковачевски кој сега е пратеник во Собранието, добил ангажман во глобалната тинк-тенк организација COSCU.
Организацијата со седиште е во Хаг, Холандија, денеска ја соопшти оваа информација дека Ковачевски станал член на организацијата.
„Со задоволство соопштуваме дека Димитар Ковачевски, поранешен премиер на Северна Македонија, се приклучи на COSCU (Конфедерација на училишта, колеџи и универзитети), како член на Регионалниот советодавен одбор за Европа. Господинот Ковачевски носи богата експертиза и истакнат учинок во јавната служба служејќи како премиер на Република Северна Македонија од јануари 2022 до јануари 2024 година“, пишува во соопштението на COSCU.
Според нив Ковачевски имал значителни достигнувања како премиер, а и искуство во образовниот сектор, па се вклопувал во нивната мисија.
COSCU се претставува како организација посветена на креирањето политики, образовна дипломатија и агенди за геоедукација.
„Преку нашите основни приципи на ангажираност, раст и прифаќање, ние се стремиме кон прифаќање на родовата еднаквост, еднаквите можности и поддршка за општеството. Експертизата на господинот Ковачевски и лидерството без сомнение ќе ги зајакнат нашите напори, особено иницијативите во нашиот тинк-тенк насочени кон обликување образовни политики и негување на меѓународната соработка. Со нетрпение ги очекуваме неговиот непроценлив придонес како што се стремиме кон ангажираност, раст и прифаќање на иднината на образованието“, стои во соопштението.
Ковачевски стана пратеник во македонското Собрание, но според она што го пишува во Изборниот законик, не го спречува да биде член на одбор на организацијата COSCU.
Инаку во бордот чиј член сега е Ковачевски останатите членови се од Сејшели, Либерија, од Албанија е екс рпетседателот Илир Мета, а има членови од Сомалија, Косово, Свети Кристофер и Невис