Во Мека над 50 степени, починаа повеќе од 550 аџии

Најмалку 550 аџии починаа за време на овогодишниот аџилак во Мека, каде температурите се качиле и до 50 степени, пренесува Гардијан.

Во споредба, претходната години биле регистрирани 240 починати лица.

Од загинатите, 60 лица биле од Јордан, а 323 од Египет. Сите лица од Египет починале поради прекумерните температури, со исклучок на еден, кој загинал откако се здобил со сериозни повреди при масовните гужви кои се створиле околу светото место.

Повеќе од 2000 лица се третирани во саудиски болници, каде се справуваат со последиците на топлотни удари.

Во Мина, другото најважно свето место во муслиманската вера, новинари забележале како луѓе си истурале шишиња вода на главите, додека волонтери делеле ладни пијалоци и сладолед.

Досега, 1,8 милиони луѓе отишле до Мека, од кои 1,6 милиони не биле од Саудиска Арабија. Државата континуирано се обидува да го контролира бројот на аџии, за да се спречат секакви негативни здравствени последици.

Секоја година десетици илјади аџии се обидуваат да го извршат аџилакот без да обезбедат официјални визи со цел да заштедат пари. Ваквите посетители преземаат поголем здравствен ризик, бидејќи немаат пристап до климатизираните објекти околу Мека обезбедени од саудиските власти.