Бендевска: Од Заев почна катастрофата во Македонија (ВИДЕО)

Пратеничката од редовите на Движењето ЗНАМ, Весна Бендевска вели дека катастрофата на Македонија, во која се наоѓа и денеска, започнала со поранешниот премиер Зоран Заев.

„За жал ветувањата на Заев се исполнија, и за жал од тогаш почна епохата, страшната работа, катастрофата во која се наоѓа Македонија денес“, рече Бендевска во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.

Таа вели дека со кнедла во грлото го говори ова бидејќи направени се работи кои многу тешко ќе можат да се поправат.

Comments are closed.