Агелер: ВМРО-ДПМНЕ ги избира партнерите во владата, нема законска обврска ДУИ да биде во неа

Во интервју за „360 степени“, прашана за забелешките од ДУИ дека влезот на „Вреди“ наместо коалицијата околу ДУИ во новата влада е прекрушување на духот на Рамковниот договор, Анџела Агелер кажа дека е задоволна што владата е составена од различни групи и дека нема законска обврска според која ДУИ треба да е во влада.

Американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за „360 степени“, нагласи дека е задоволна што владата е составена од различни групи и дека нема законска обврска според која ДУИ треба да е во влада

„Тоа е дел од жива демократија“-вели амбасадорката.

Агелер објасни дека победникот е тој што ги избира партнерите, но и дека „Европскиот фронт“, како и „Вреди“, биле коалиција. На крај, според неа, важно е дека во владата има диверзитет.

„ВМРО-ДПМНЕ го избра партнерот – ’Вреди’, која е исто така коалиција, исто како и „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ. Сум имала разговори за ова со низа функционери на ДУИ и дури и нема законска обврска за тоа со кој ќе стапите во коалиција. Партијата која победи на изборите ја имаше можноста и избра да создаде коалиција со малцински групи во земјата. Тоа е од исклучителна важност зашто она што двете наши земји ги прави толку богати е диверзитетот, различните етнички групи и заедници и она што тие го носат за нашите демократии. Оттука, задоволна сум дека владата е составена од различни групи и нема законски обврски за ДУИ да се вклучи во владата. Знам дека има прашање на закон наспроти легитимитет, но факт е дека ВМРО-ДПМНЕ избра партнери од различни заедници во земјата и тоа е нивно право. Избраа тоа да го направат и ќе видиме како ова партнерство ќе функционира“, изјави Агелер.