Автомобил падна во провалија длабока 200 метри на Галичица, две лица загинаа
Две лица загинаа при пад во провалија со автомобил на Галичица.
Според информациите од ЦУК, несреќата се случила кај местото викано „Превој“, а возилото паднало во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина.
Двете лица со автомобилот возеле на регионалниот пат Трпејца-Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“.
Засега не е познат идентитетот на загинатите, освен тоа дека се работи за повозрасни лица.
Екипа на МВР Охрид Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се на терен и по направениот увид, продолжија со извлекување на настраданите, а и на возилото од провалијата, велат од Центарот за управување со кризи.