Јанаки Митровски со порака до Апасиев: Дојде време да се враќа долгот кон Заев, затоа сега Гордана не ви чини
Отворено и по малку брутално лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска изјави дека не помислува да ги повика нивните поддржувачи да гласаат за Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг на претседателските избори. Левица повика на поддршка за Силјановска во 2019 година.
Гостувајќи на емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77 тој не спомена дека Стево Пендаровски ќе ја има нивната поддршка, ниту пак дека ќе препорача да се бојкотираат претседателските избори.
По ваквата изјава на Апасиев, со свој став се јави адвокатот Јанаки Митровски кој порача дека Силјановска во 2019та им беше супер на Апасиев и Ванковска, но сега дошло време да се враќа долгот кој според него ЛЕВИЦА го има кон Заев.
– Гога во 2019та им беше супер на Апасиев и Ванковска. Дури, меѓудругото, поддршката на Левица за Силјановска беше и причина за поделбата во Левица. Ванковска не штедеше комплименти за Гордана и не го криеше пријателството. Денес Гога, откако не им испаднаа проекциите за 100.000 гласови, не чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин. Јбг, политика е грда работа, а фрустрации се зае*ана ствар. Да не заборавиме дека во 2019та судството на Заев му ја даде Левица на тацна на Димитар. Дојде време да се враќа долгот!, порача Митровски.