УКИМ рангиран на 1.990-то место од 2.000 најдобри универзитети во светот
Петте најдобро рангирани универзитети во светот, според листата на CWUR, се универзитетите Харвард, МИТ, Стенфорд (од САД), Кембриџ и Оксфорд (Велика Британија).
Државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) е рангиран на 1.990 место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година од страна на Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR).
УКИМ е на истата позиција од минатогодишното рангирање и се уште е единствениот македонски универзитет кој се наоѓа на рангирањето на CWUR.
Петте најдобро рангирани универзитети во светот, според листата на CWUR, се универзитетите Харвард, МИТ, Стенфорд (од САД), Кембриџ и Оксфорд (Велика Британија).
Од земјите од соседството, Србија има четири високообразовни институции меѓу најдобрите светски универзитети. Од нив, најдобро рангиран е Белградскиот универзитет, кој се најде на 376 место, што е пад од 14 позиции во однос на лани а на листата се и универзитетите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш.
Од Бугарија се рангирани два универзитета, додека пак Грција е на листата со 12 универзитети.
Од Хрватска на рангирањето се најдоа 4 високообразовни институции. На листата и годинава немаше место за ниту еден универзитет од Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.