РЕК Битола со часови не произведува струја
РЕК Битола со часови не произведува струја откако вчера попладнето се случил дефект во Блок2, а имајќи предвид на тој начин и другите два блока се исклучени. Од Електрани на Македонија веруваат дека до вечер дефектот ќе биде отстранет и велат дека во меѓувреме струја се добива од други производтели на електросистемот.
Операциите за ставање во употреба на Блок 1 се во тек и по завршувањето постројката ќе биде во мрежата и ќе испорачува елемтрична енергија во електро-енергетскиот систем. И во наредните денови, согласно планот за производство на АД ЕСМ, РЕК Битола ќе продолжи да работи со еден блок, Блок 1, а останатите два блока ќе бидат на располагање, велат од ЕСМ.
Утрово ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение објави дека РЕК Битола втор пат во два месеци е комплетно надвор од мрежа. Според партијата, исклучени се трите блока после тешка хаварија на Блок 2 која била проследена и со серија експлозии и сериозна штета.