Пејачот Амар Исмани од Скопје е убиен синоќа во крвавиот оружен инцидент на „Пластичарската улица“ во Скопје, тројца се повредени

„Амар Исмани од Скопје не ги преживеа повредите, кои ги здоби во синоќешниот крвав оружен инцидент на Пластичарската улица во Скопје, откако избувнала тепачка меѓу неколкумина млади луѓе, по што дошло и до пукотница. Амар Исмани беше пејач со многу видеа, поставени на видео-платформата јутуб.“објави „Фол“.

„МКД.мк“: објави: Според првичните информации, напаѓач пукал од мотор кон повредените, по што избегал. Неофицијално, мотивот за нападот биле нерасчистени меѓусебни односи. Повредените биле итно пренесени во скопските болници. На местото на оружениот инцидент беа излезени екипи на Јавното обвинителство и на Министерството за внатрешни работи. Од полицијата засега нема официјална потврда за инцидентот.

„Алфакс“ неофицијално дознава дека тројцата повредени, дел полесно, се T.A., E.A. и О.Б.

Извор: Експрес.мк

 

 

 

Comments are closed.